Рачно изработена маса во форма на касета – подарок за маестро Влатко Стефановски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Радио „Бубамара“ во соработка со столарското студио од уметникот Игор, изработија две уникатни собни маси во облик на музичка касета, од кои едната оди во нивното студио, а другата како подарок ја доби гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски.

„Нашиот тираж е две касети. Првата е за Влатко , а втората ја сместивме во новите простории на радио Бубамара“, изјави Ранко Петровиќ за Женски магазин.

Петровиќ додаде дека Влатко бил апсолутно позитивно изненаден од подарокот бидејќи не знаел ништо за него пред да го добие.