Рачната кочница полека, но сигурно заминува во историјата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Две децении откако BMW ја прикажа електричната сопирачка за паркирање, овој систем ја презеде автомобилската индустрија. Во моментов, околу 70% од произведените автомобили имаат електрична сопирачка за паркирање, а само 30% од нив доаѓаат со класична рачна сопирачка, дознава списанието ХАК. Годината пред тоа тој сооднос беше 63:37.

Премиум производителите како Мерцедес и Лексус први ја отстранија рачната сопирачка во вид на лост од понудата, а сега овој тренд се прошири и на другите производители од големите серии. Во моментов, рачната сопирачка ја нудат исклучиво производителите на поевтини автомобили како што е Дачија и основната верзија на нешто поскапите модели.

Но, за разлика од идејата дека камерите ги заменуваат ретровизорите и дополнително ја комплицираат конструкцијата на автомобилите, примената на електричната сопирачка за паркирање навистина има свои предности. Покрај тоа што не троши многу простор помеѓу седиштата во кабината, го олеснува движењето по угорнина со автоматско ослободување. Исто така, за активирање на сопирачката не е потребно примена на голема сила како при стартување на рачната сопирачка.