Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
36-годишниот С.Ш. од Гостивар вчера во полиција пријавил дека брегот од Мавровското Езеро, помеѓу селата Леуново и Никифорово, кај месноста викана „Црн камен“, пронашол експлозивна направа.
Полициски службеници од СВР Тетово по извршениот увид констатирале дека станува збор за рачна бомба. Рачната бомба била безбедно отстранета од локацијата.
„Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот и констатирале дека станува збор за рачна бомба и таа била подигната за понатамошна постапка“, информираат од МВР.