Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Иако во нашиве краишта автоматскиот менувач за автомобили не беше баш многу популарен последниве години, неговата популарност, полека, но сигурно, расте. Но, дали некогаш сте се запрашале како функционира? Која е, воопшто, разликата помеѓу рачниот и автоматскиот менувач? Врзете се, тргнуваме.
Главно прашање кое се поставува е зошто воопшто е потребен менувачот? Пред сè, заради ефикасноста на моторот. Кога моторот рамномерно би ја пренесувал својата моќ на тркалата од возилото, неговата ефикасност би била значително помала. Интересен податок е дека коленестото вратило на моторот, во некои случаи, се врти четири пати за времето во кое тркалото се врти еднаш. Складно со тоа, при брзина од 140 км/час и 5.500 вртежи на моторот, тркало со просечни димензии се врти само 1.300 пати.
Автоматскиот менувач се состои од таканаречен планетариуми (запчаници). Планетарниот запчаник се врти околу „сончевиот“ запчаник, а се наоѓа на свој носач кој во пракса се најдува на осовината од претходно споменатиот сончев запчаник. Степенот на пренос зависи од запирањето на запчаниците кои може да ги запре кочницата и тоа со помош на центрифугален регулатор кој го насочува маслото во менувачот, а може да се врши и рачно со помош на рачката од менувачот.
Од друга страна, рачниот менувач, на кој е навикант поголемиот дел од возачите, работи на сосема друг принцип. По правило, се состои од запчаници кои се вртат со постојана брзина и запчаници со различни големини (не се вратат со постојана брзина), а кои даваат различен преносен размер. Преносниот размер на запчаниците е дефиниран со степенот на пренос, а зависи од видот на автомобилот. Така, на пример, кај некои автомобили, зависно од степенот на пренос, може да изнесува 2.8:1, 1.8:1, 1:1 и слично.
За повеќе информации и визуелен приказ на разликите во принципите на работа на рачниот и автоматскиот менувач на видеото подолу.