Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според статистичките податоци за четвртото тримесечје од 2019 година стапката на слободни работни места во државава изнесува 1,77 отсто, објави Државниот завод за статистика, про што најголем број слободни работни места, односно 3.114, има во петтата група на занимања, работници во услужни дејности и продажба, односно трговци и продавачи, пренесува Мета.
Слично е и во речиси сите квартални статистички извештати веќе подолг период наназад, но не е невообичаено ако се има превид дека се тоа занимања каде се бараат пониски кваликации, како и фактот дека е многу честа миграцијата на вработените во овие дејности, поради ниските плати.
Највисока стапка на слободни работни места во последното тримесечје од ланската година има во секторот на административни и помошни услужни дејности, 4,71 отсто, додека најмала е стапката на слободни места за работа во секторот на снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, каде статистикатата забележала само 0,60 отсто слободни места.
Деловните субјекти кои имаат 250 и повеќе вработени имаат само 1,79 проценти слoбодни работни мeста, додека оние кои бројат меѓу 10 и 49 вработени имаат и највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,02 отсто.
Вкупно во државава, во сите дејности, има 502.657 пополнети работни места, а 9.053 слободни. При тоа, од регионите, во Пелагонискиот Регион е евидентиран највисок процент на слободни работни места од 2,08 отсто, покажуваат податоците за четвртото тримесечје од минатата година. Во скопскиот регион има најголем број на пополнети работни места, 253.901, но и најмногу слободни места за работа, 4.745.
Според статистиката, во преработувачката индустрија има најмногу вработени, 120.967 и во трговијата на големо и мало, 85.841, каде се регистрирани и 1.345 слободни места за работа. Најмалку, пак, простор за работа се нуди во дејоста на недвижниот имот, каде имало 2.384 вработени, а само 57 слободни работни места.