Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наместо да се фокусирате само на оргазмот, ви носиме неколку дополнителни работи кои еднакво се важни и кои би требало да ги остварите во текот на сексот.
Ако мислите дека сексот е врзан само на пенетрација и оргазам, размислете повторно, Клучот е во хемијата помеѓу двајца луѓе и поврзувањето со партнерот за меѓусебно да се зближите. Всушност, постојат толку работи кои можете да ги истражите за да уживате во сексот.
Истражете се себеси
Сексот може да ви помогне да се истражите себеси во насоките за кои не сте размислувале. Можеби во текот на денот не сте склони кон експериментирање, но зошто не би биле енергични и страствени во креветот. Или сте личност која е доминантна во текот на денот, но сакаше да бидете потчинети во креветот. Само напред. Истражете кои се вашите сексуални преференци и фантазии кои ве возбудуваат. Во секој случај, сексот вас ќе ве однесе на пат каде ќе можете самите себеси да се истражите и подобро да се запознаете.
Емоционална поврзаност
Сексот води до интимноста на другата личност. Не гледајте на сексот исклучиво како физичка активност, туку и на емоционална поврзаност со партнетот за својата врска да ја подигнете на едно повисоко ниво.
Релаксација
Сексот може да биде одличен начин на кој може да се опуштите и релаксирате по напорниот ден на работа. Покрај тоа, помага и при намалувањето на стресот. Само опуштете се и на крајот ќе спиете како бебе.
Експериментирање
Паровите, особено брачните, лесно можат да паднат во рутина која знае да се случи меѓу партнерите. Затоа е потребно малку да се експериментира за да го зачините својот сексуален живот. Без оглед, дали е во прашање игра на улоги, БДСМ или испробување на нови алишта, излезете од својата зона на удобност и пронајдете нешто што ќе го подобри вашето задоволство и уживањето.
Не се врти се околу оргазмот
Секако супер е сексот да води до оргазам, но тоа не би требало ваша ултимативна цел. Всушност, многу луѓе ја губат радоста која сексот ја нуди бидејќи се сконцентрирани само на постигнувањето на оргазмот кој лесно може да изостане поради стрес или исцрпеност. Запаметете, дека сексот може да биде емотивно и задоволувачко искуство без оглед дали на крајот следел оргазам или не.