Работата станала сериозна: Сопругата на Колашинац поради закани побегнала од Лондон


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кон крајот на јули се случи филмско сценарио на улиците во Лондон – разбојници го нападнаа Месут Озил, но тука беше Сеад Колашинац да го одбрани својот соиграч, пишува Спортски.мк.

Двајцата играчи на Арсенал влегоа во големи проблеми. Разбојниците наводно сакале да им ги украдат часовниците, но Колашинац тргна на нив и така го одбрани Германецот, но и самиот се стави во проблеми.


Изгледаше дека се завршило кога разбојниците избегаа на мотори, сепак не е така. Знаејќи за кој се работи дошле до информации каде ќе бидат играчите на лондонскиот клуб, па во изминатите неколку денови се обидувале да им наштетат.

Поради сите овие проблеми Арсенал ги изостави двајцата за гостувањето кај Њукасл, а во четвртокот вечерта пред домот на Озил биле уапсени две лица.


„Се мислеше дека разбојниците ги сакаат само часовниците, но на играчите сега им е кажано дека сакаат се што имаат. Станува збор за гангстери кои сакаат да покажат дека не се исплашиле“, наведе извор близок на семејството на еден од играчите за „Сан“.

„Преплашената сопруга на Колашинац која е родена во Босна избегала во Германија“, пишува „Сан“.

Сеад и Месут после овој инцидент се под 24 часовна заштита од полицијата.

Извор: Спортски.мк