Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот производител на слатки „Фереро“ нуди најслатка работа на светот, бидејќи бара дегустатори.
„Фереро“ објави оглас во кој бара 90 дегустатори кои ќе го тестираат какаото, лешниците и други сирови производи за производство на чокалдо.
Компанијата на заинтересираните им нуди договор на половина работно време.
Имено, работата предвидува два работни дена неделно во седиштето во компанијата во Алба.
За добивање на работата не е потребно да имате претходно искуство, туку е важно кандидатите да немаат никаква алергија на храна.
Избраните кандидати се обврзуваат од 30. септември да посетат тримесечен курс, на крајот од кој 40 лица ќе бидат избрани како дегустатори на чоколадо.
Тие ќе бидат подолени во две групи, најавува „Фереро“.
Досега „Фереро“ секогаш ја користел интернет работната сила, т.е. вработени за тестирање на своите производи. Овојпат компанијата сака да ги праша потрошувачите, без никакви познавања за состојките на производот.
Покрај „Нутела“, „Фереро“ е производител и на „Мон Шери“, „Рфаело“. и „Фереро Роше“.
Компанијата има годишен обрт во висина од 10,5 милијарди евра и вработува 30.300 луѓе, а ширум светот има 91 ќерки фирми и 23 прозиводни престројувања, и е присутна во 170 земји од светот.