Quick Charge 4 – половина батерија од смартфонот ја полни за 15 минути


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американската компанија Qualcomm Technologies, Inc. претстави нова технологија за полнење на батериите на паметните телефони и сродните уреди под името Quick Charge 4.

По новиот процесор Snapdragon 835,  Quick Charge 4 претставува мала револуција во брзината на полнењето на смартфони, бидејќи овозможува полнење на батеријата до половина за само 15 минути.

Оваа четвртата генерација на технологијата за полнење на батерии се темели на ефикасно полнење и пониска температура при самиот процес.

Споредувајќи го со технологијата  Quick Charge 3.0, Quick Charge 4 е дури за 20 отсто побрза, 30 проценти поефикасна и има за пет степени Целзиусови пониска температура при трансферот на електричната енергија.

Овој факт е од клучна важност кога се работи за безбедноста и заштитата од прегрејување.