Путин се сретна со Гутереш: Донецк и Луганск станаа независни по примерот на косовскиот преседан


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Претседателот на Русија, Владимир Путин, на состанокот со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш кој се одржа вчера, кажа дека самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република станале независни по аналогија со одлуката на Меѓународниот суд на правдата за ситуацијата на Косово која, како што истакна, сите ја поддржаа.

„Лично ги прочитав сите документи на Меѓународниот суд на правдата за ситуацијата на Косово. Добро се сеќавам на одлуката на Меѓународниот суд, која вели дека во остварувањето на правото на самоопределување одредена територија на која било држава не е обврзана да побара дозвола од централните власти на земјата за да прогласи суверенитет. Тоа беше кажано за Косово, а ова е одлука на Меѓународниот суд. И оваа одлука сите ја поддржаа“, кажа Путин.

Тој додаде дека Доњецк и Луганск го имаат истото право да се изјаснат за својот суверенитет без дозвола од централната власт „бидејќи е создаден преседан“.

Путин се сретна вчера во Москва со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, и кажа дека Русија, како еден од основачите, секогаш ги поддржувала ОН.

„Русија, како една од земјите основачи на организацијата и постојана членка на Советот за безбедност на ОН, секогаш ја поддржувала оваа универзална организација. Веруваме дека таа не само што е универзална, туку е и единствена во својата намена“, кажа рускиот претседател.