Home Актуелно Путин се прости од Горбачов – нема да присуствува на неговиот погреб (снимка)

Путин се прости од Горбачов – нема да присуствува на неговиот погреб (снимка)

Претседателот на Русија Владимир Путин вчера се прости од последниот политички лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, кој почина пред два дена, на 92-годишна возраст,по долго боледување.

Погребот на Горбачов ќе биде во сабота, но Путин нема да присуствува поради претходно испланирани активности, соопшти Кремљ. Портпаролот, Дмитриј Песков, информира дека последното испраќање на Горбачов ќе има елементи на државнички погреб, со почесна гарда.

Горбачов ќе остане запамтен како последниот светски претседател, кој ја заврши Студента војна без крвопролевање, но не успеа да го спречи распадот на Советскиот Сојуз. Тој постигна партнерства со западните сили за да ја отстрани железната завеса што ја делеше Европа од Втората светска војна, и да доведе до повторно обединување на Германија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…