Актуелно

Путин прв, Трамп втор – еве ја листата со највлијателни личности според Forbes

Владимир Путин ја предводи, по четврти пат по ред, листата на највлијателни личности на светот во рангирањето што традиционално секоја година го прави американскиот магазин Forbes, а од Кремљ соопштија дека рускиот претседател сé уште не го погледнал изданието.

„Највлијателниот човек на светот четврта година на ред е претседателот на Русија, кој го шири влијанието на својата земјата речиси во секој агол на светската мапа“, се наведува во образложението.

„И во својата татковина, и во Сирија, и на претседателските избори во САД, рускиот челник продолжува да го постигне сето она што тој го посакува“, забележува Forbes.

На второто место е новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, а на третото германската канцеларка Ангела Меркел којашто претходната 2015 година беше втора во ова рангирање.

„Заземајќи го второто место избраниот претседател Доналд Трам, се чини, се покажува како имун на скандалите, на неговата страна се двата дома на Конгресот, а неговото лично богатство се проценува во милијарди“, пишува Forbes, во коментарот во кој пласманот на Меркел „по игра на случајот ја прави најмоќната жена на светот, бидејќи таа е главниот столб на Европската унија“.

Четврти е кинескиот претседател Кси Џинпинг, а петти е поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск.

На листата се и соосновачот на Microsoft, Бил Гејтс, на седмото место, индискиот премиер Нарендра Моди е деветти, а првата „десетка“ ја заокружува основачот на Facebook, Марк Закерберг.

Американскиот претседател на заминување Барак Обама е само 48-ми на листата. Пред него се британската премиерка Тереза Меј на 13-та позиција, дури и францускиот претседател Франсоа Оланд на 23-то, иако во својата земја има историски најнизок рејтинг и е еден од двајцата француски челници кои нема да се кандидира за вториот мандат. Јапонскиот претседател Шинзо Абе, како 37-ми, исто така, е пред Обама.

Во оваа група личности кои се повисок рангирани од Барак Обама, влегуваат и сопствениците на корпорацијата „Alphabet“ на интернет пребарувачот Google, Лери Пејџ и Сергеј Бирн, кои ги заземаат 8-та и 30-та позиција на листата на Forbes. Челникот на компанијата „Apple“ Тим Кук е 32-ри, а медиумскиот магнат Руперт Мардрок е на 35-то место.

Новоизбраниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и филипинскиот претседател Родриго Дутерте се 70-ти, а веднаш зад нив е водачот на исламистичката терористичка мрежа Ал Каеда, Ајман ал-Завахири.

Advertisements
To Top