Путин против ГМО: „Следната фаза од еволуцијата на човештвото е во сериозен ризик“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во извештајот кој го изготви рускиот Совет за безбедност, а кој моментално се чува во Кремљ, претседателот на Русија, Владимир Путин, издава наредби рускиот народ по секоја цена да се заштити од генетски модифицираната храна, организми и западните фармацевтски производи.

Во извештајот се наведува дека претседателот Путин смета дека следната фаза на еволуцијата на човештвото е во „сериозен ризик“ и дека западните и глобалните сили „намерно го успоруваат процесот на напредок поради нивна лична корист“.

„Ние како вид имаме можност да продолжиме да ги развиваме нашите тела и мозокот или да го следиме западниот пример од последниве децении и намерно да ја труеме нашата популација со генетски изменета храна, фармацевстки производи, вакцини и брза храна која е квалификувана како опасна, како и дрогата“, вели Путин.

Тој во последните годимни бесплатно подарува земја за луѓето кои се подготвени да произведуваат органска храна. Целта му е Русија да стане светски извозник на органска храна заснована на „еколошки чисто“ производство.