Путин прати руски специјалци да го бранат Мадуро: „Венецуела нема да заврши како Југославија“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рускиот претседател Владимир Путин испрати воен тим специјалци како помош за Николас Мадуро со порака дека нема да дозволи американска интервенција против него да заврши како нападите во Југославија, Ирак и Либија.

Контингент со руски специјалци и со 35 тони борбена опрема пристигна викендов во Каркас.
Оваа акција, како што велат експертите, претставува јасна и осрта порака на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе и помогне на Венецуела и на нејзиниот претседател Николас Мадуро во случај ако се слулчи најавуваниот американски напад.