Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Рускиот претседател Владимир Путин нареди нуклеарните сили на Русија да се подигнат на високо ниво на подготвеност. Оваа негова одлука и наредба ги оправдуваше со агресивните изјави на НАТО и економските санкции против Москва.
Им наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот да ги стават силите за одвраќање на руската армија на борбена готовност, рече Путин.
Рускиот претседател се сретна со воените лидери, а средбата беше емитувана и на телевизија.
Разбирам, одговори министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Репортерот на „Фајненшл тајмс“ го коментираше ликот на Шојгу кога ја слушна наредбата.
Ова не е прв пат во последно време Шојгу да изгледа многу непријатно додека прима наредби од Путин, напиша репортерот.