Путин може вода да им носи за слава – овој пар е попопуларен од него во Русија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рускиот претседател Владимир Путин не е најпопуларната личност во Русија, туку него го подредуваат во тој поглед славните Маша и медо, ликовите од истоимениот цртан филм, кој соборува секакви рекорди на гледаност на YouTube кај малите од сите страни на светот.

Овој цртан филм, направен според мотиви од руските народни бајки, почна да бележи успеси во 2009 година, пренесува париски Liberacion. Денес серијалот може да се пофали со рекордна популарност и надвор од границите на Русија.

Малечкото палаво девојче и нејзиниот пријател, мечокот со добра душа и срце, постигнаа вистински успех на светско ниво.

Цртаниот филм „Маша и медо“ настана во мало студио во Москва, а е преведен на 25 јазици и се прикажува во стотина земји ширум светот.

На почетокот од оваа година анимираниот тандем стигна и во француските кино сали. Седумнаесеттата епизода од цртаниот филм, која на YouTube имаше две милијарди прегледи, стана петто најгледано видео во историјата на постоењето на видео платформата.

Новите епизоди од цртаниот филм се прават во студиото Animaccord, во Москва. И двата лика се резултат на поврзување на познати руски бајки и фантазијата на советскиот аниматор Олег Кузовков.

За да ја освои Европа, студиото првин мораше да го привлече вниманието на маркетинг менаџерите. Првин требаше да се придобие жирито од меѓународните фестивали за анимирани филмови.

Целта била да се создаде публика, свет на „Маша и медо“. Направени се песни,  караоке, налепници. Така е роден брендот. Тогаш продукцијата на студиото почнуваат да ја забележуваат меѓународните телевизии, пред сè француската ТВ станица и нејзините постојани емитери.

Овој цртан филм, исто така, има успех и на интернет, каде новите епизоди се бесплатно достапни.