Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рускиот претседател Владимир Путин најави дека Русија ќе планира да изведе серија вселенски мисии на Марс, од кои првата е планирана да започне во 2019 година, во чии рамки ќе биде лансирано летало без присуство на чоечки екипаж.
„Првин планираме лансирање на летало без екипаж, а потоа и летало со човечки екипаж. Експедициите ќе бидат во рамки на програмата за истражување на Марс и Месечината. Првата од овие мисии ќе започне наскоро, во 2019 година, а во нејзини рамки планираме да испратме летало на Марс“, изјави Путин.
Дообјасни дека истражувачката програма насочена кон Марс ќе се фокусира во истражување на поларните делови од оваа планета.
„Руските експерти ќе се обидат да слетаат на половите од Марс, бидејќи постојат сомнежи дека таму има вода. Потребно е многу истражување на ова поле, а од Марс може да се продолжи со истражување на други планети и остатокот од вселената“, потенцираше Путин.
Руската програма за истражување на Месечината вклучува слетување на јужниот пол од нашиот природен сателит веќе следната година, како и тестирање на технологии кои потенцијално можат да бидат користени за поставување на постојана станица на Месечината во 2023 година.
Руската станица на Месечината би можела да биде функционална за 20-30 години.