Путин: Кај беа убиени Кенеди и Кинг – во Русија или во Америка?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Меѓу другите одговори кои ги даде за време на интервјуто кое го даваше за американската „Fox News“, рускиот претседател Владимир Путин се освртна и на прашањата во врска со неколкуте смртни случаи за кои постои сомневање за наводна поврзаност со Кремљ.

Путин беше запрашан зошто политичките дисиденти и новинари во Русија, но и во странство, се затворани или пронајдени мртви под сомнителни околности, по што рускиот лидер направи споредба со атентатите на американските претседатели и борци за човекови права.

„Дали не беа убивани претседатели во САД? Дали заборавивте, дали Кенеди беше убиен во Русија, или во САД? Или господинот Кинг?“, реторички запраша Путин, наведувајќи ги атентатите на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди и на еден од најзначајните лидери на американското движење за граѓански права, Мартин Лутер Кинг.

Тој негираше и оти руските власти го одобриле труењето на Сергеј Скрипал.

„Би сакале да имаме некаков документ, доказ за случајот. Истото важи и за обвинувањата за мешање во американските избори. Можеби постојат други причини за смртта. Можеби станува збор за внатрешни причини во Обединетото Кралство, но никој не сака да го разгледа случајот. А ние само ги гледаме обвинувањата“, порача Путин.