Home Актуелно Путин изрази сочувство до семејството на загинатиот Евгениј Пригожин

Путин изрази сочувство до семејството на загинатиот Евгениј Пригожин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази сочувство до семејството на водачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа, пренесува Ројтерс.

Пригожин беше меѓу десетте патници и членови на екипажот на приватниот авион што вчера се урна во Русија.

Во несреќата нема преживеани, но се уште официјално не е објавено дека меѓу жртвите е и Пригожин.

Путин денеска изјави дека истрагата за авионската несреќа ќе потрае некое време.

Тој изјави дека Пригожин е „талентиран бизнисмен“ и дека го познава од деведесеттите години на минатиот век.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…