Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Владимир Путин своето семејство отсекогаш го држел подалеку од очите на јавноста. Малку се знаеше и за неговата бивша сопруга Људмила, со која беше во брак 30 години, а уште помалку се знае за неговата наводна моментална девојка (за кои некои нагаѓаат дека веќе му станала и сопруга), бившата гимнастичарка Алина Кабаева.
Но, она што најмногу ја интересира јавноста е колку точно деца има Путин. Се знае дека од бракот со Људмила има две ќерки, Марија и Екатерина (односно Маша и Катја, како што ги викаат нагалено). Марија е родена во 1985 година во Ленинград (денешен Санкт Петербург), а Екатерина една година подоцна во Германија, каде Путин работеше за КГБ, пренесува Business Insider.
И двете девојки имињата ги добиле по своите баби. Кога во 1996 година се вратија во Москва, девојките почнаа да посетуваат германско школо, кое го напуштија кога Путин стана претседател. Оттогаш нивната едукација продолжи дома. Неговата бивша сопруга Људмила во една прилика изјави дека Путин ги разгалил своите ќерки и дека таа е онаа која мора да биде строгиот родител.
Марија студираше биологија и подоцна медицина, а Екатерина азиски студии. Студираа во Москва, но под лажни идентитети. Денес 33-годишната Марија живее во Москва со својот сопруг, Холанѓанецот Јорит, кој се занимава со истражувања во медицината. Наводно имаат и дете, бидејќи Путин во една прилика призна дека е дедо.
Екатерина наводно живее луксузен стил на живот. Има 31 година и се занимава со акробатски танц, но е и на висока позиција во државниот универзитет во Москва. Наводно, таа е на чело на старт-ап компанија вредна 1,7 милијарди долари. Во 2013 година се омажи за милијардерот Кирил Шамалов, но се раведоа оваа година.
Има гласини дека Путин има и трета ќерка од неговата врска со прекрасната гимнастичарка Кабаева, но тоа официјално не е потврдено, како ни нивната љубовна врска.