Путин и Трамп денес на средба во Хелсинки


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првите луѓе на двете политички најмоќни земји на светот, Америка и Русија, претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин, денес во 13 часот ќе го остварат епскиот состанок во претседателската палата во центарот на Хелсинки на својата прва билатерална средба.

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на Твитер, пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин, дека американско-руските односи никогаш не биле полоши.

„Нашите односи со Русија НИКОГАШ не биле полоши, благодарение на многуте години американска лудост и глупавост“, напиша Трамп пред самитот во Хелсинки.

Тоа ги припиша на „ловот на вештерки“ кој според него го спроведува ФБИ со истрагата околу руското мешање во американските претседателски избори.

Трамп на Твитер напиша дека неговиот претходник Барак Обама не обраќал внимание на обвинувањата на ФБИ за руско мешање и дека почнал да ги сфаќа сериозно дури откако Трамп беше избран.

Тој истакна и дека самитот на НАТО бил успех, и дека медиумите неточно пренесувале.

„Добив многу покани од лидери на земји од НАТО кои ми заблагодаруваат на помошта да ги соберам и насочам кон финансиските обврски, сегашни и идни. Имавме навистина добар самит кој неточно беше пренесуван од страна на многу медиуми. НАТО сега е силен и богат“.