Путин и официјално ги призна самопрогласените републики Доњецка и Луганска и прати воени сили да го обезбедуваат мирот таму


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ за соработка меѓу Русија и самопрогласените бунтовнички републики на истокот на Украина.

Путин официјално ги призна Доњецка Народна Република и Луганска Народна Република како независни држави и ѝ нареди на руската војска да го „обезбедуваат мирот“ во двата региони во источна Украина.

Рускиот претседател официјално го потпиша документот за признавање на независноста на двата бунтовнички региони денес. Тој му наложил на руското министерство за одбрана да испрати мировни сили во Донбас, а на министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи и со Доњецк и со Луганск.

Официјалниот потег на Кремљ следуваше по долгото обраќање на Путин до нацијата, објаснувајќи го потегот како задоцнет одговор на тоа што братската украинска нација станала „колонија“ на Западот и паднала под власта на „русофобна влада“ која е непријателски поставена и кон Москва и кон етничките Руси во Украина и нивните основни човекови права.