Путин и Мадуро свиреле во заеднички бенд во ’80-те години?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дали стварно рускиот претседател Владимир Путин и венецуелскиот Николас Мадури свиреле заедно во музички бенд од Советскиот сојуз во ’80-те години од минатиот век? Знаеме, не е за верување и не е точно, ама одете објаснете им на огромен дел од интернет популацијата кои најсериозно веруваат во тоа.

Музичко видео од 1987 година за песната „На заре“ („At The Dawn“), од рускиот бенд „Альянс“, со вирална брзина се шири на социјалните мрежи откако повторно исплива на музичката површина. На него се гледаат четворицата членови на бендот кои се облечени во моден стил и фризури препознатливи и својствени за тој период од минатиот век.

Музичкото видео е објавено на YouTube минатата година, а има над 100.000 прегледи. Е сега, јако е што пејачот и тој позади него, на клавијатури, неодоливо личат на млади изданија на Владимир Путин и Николас Мадуро. Тоа им беше доволно на огромен број корисници на интернетот пејачот за да заклучат дека овие двајца современи политичари заедно биле дел од рускиот бенд во младоста.

За ваша, нивна и сечија информација, типот зад микрофонот се вика Игор Журавлев, а епската фаца на клавијатури се вика Олег Парастаев.

Како и да е, интернетот им направи услога и за миг ги вивна во врвот на светската слава и внимание.