Путин го потпиша законот со кој се предвидуваат затворски казни за ширење „лажни вести“ за руската војска


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша закон со кој се предвидуваат затворски казни за ширење „лажни вести“ за руската војска, пренесува АФП.

Како што објасни на Твитер Алексеј Ковалев, уредник на Медуза (еден од ретките преостанати руски независни медиуми), „лажни вести“ значи секоја вест за армијата или војната што не ги дистрибуира руското Министерство за одбрана, или секоја медиумска содржина во која „специјалната операција“ на Путин се нарекува со вистинското име – војна

„Да, отсега, буквално не можете во Русија, под закана од екстремна казна, да ја нарекувате руската инвазија во Украина дека е војна“, објасни Ковалев, објави АФП.