Путин ги става на располагање врвните руски експерти за реновирање на Нотр Дам


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Русија, Владимир Путин, по вчерашната ужасна трагедија која го снајде Париз, а со тоа и светот, кога се запали и згоре покривот на една од најпознатите светски катедрали и ремек дело на готската архитектура, славната Нотр Дам, објави дека Русија ги става на располагање најдобрите руски експерти како помош за реновирање на катедралата.

Путин испрати писмо со поддршка до францускиот претседател, Емануел Макрон, и до целиот француски народ.

„Нотр Дам е историски симбол на Франција, непроценливо богатсво на европската и светска култура и едно од најважните места на христијанската вера“, стои во писмото.

Како што соопшти Кремљ, Путин наведува дека „Русите чувствуваат болка во срцето поради трагедијата која се случи синоќа“.