Home Актуелно Путин: Дедоларизацијата меѓу членките на БРИКС е неповратен процес

Путин: Дедоларизацијата меѓу членките на БРИКС е неповратен процес

„Неповратниот процес на дедоларизација зема замав, се вложуваат напори да се разработат ефикасни механизми за меѓусебни порамнувања и монетарна и финансиска контрола“, наведе рускиот претседател Владимир Путин во видео-обраќањето за време на самитот на БРИКС во Јоханесбург, пренесува ТАСС.

Додаде дека уделот на доларот во плаќањето кое се однесува на извозот и увозот опаѓа, и дека минатата година изнесувал 28,7 отсто.

Претседателот на Русија истакна дека членките на БРИКС соработуваат врз принципот на еднаквост и меѓусебна поддршка, како и дека меѓусебните инвестиции на земјите членки се зголемиле шест пати во последните 10 години.

„Инвестициите во глобалната економија двојно се зголемија, а нивниот вкупен извоз достигна 20 отсто од извозот на светско ниво“, кажа Путин.

Тој наведе дека инфлацијата, која денес е еден од најголемите проблеми во светот, делумно е предизвикана од печатењето пари во низа земји поради обидите да се санираат последиците на пандемијата на коронавирусот.

Зборувајќи за договорот за житото, Путин порача дека Москва се повлекла од договорот бидејќи не се исполнети одредбите кои ѝ се ветени. Додаде дека Русија е спремна да се врати на договорот, доколку биде исполнето она што ѝ е ветено.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…