Пустошот на „Флоренс“: Прашање на време е кога ќе видиме бура од шеста категорија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според научно-метеоролошката категоризција на тропските бури, досега беше возможна само бура од највисока петта категорија, но новите параметри на промени во природата навестуваат нешто друго.

Бура со јачина и интензитет над петта категорија, според зборовите на научниците, досега беше невозможна, но поради сѐ потоплите океани, во атмосферата циркулираат помеѓу 5 и 8 отсто повеќе водена пареа отколку претходно, па така се создаваат услови за настанување на супербура каква што досега не сме виделе и за која воопшто не сме подготвени.

Според „Гардијан“, тоа е прашање на време кога ќе се случи и со сигурност ќе биде шокантно, со фатална деструктивна јачина.

Џеф Мастерс, еден од најпочитуваните американски метеоролози, е прв кој во академската заедница го покрена прашањето за потенцијален ураган од категорија 6. Научниците, всушност, уште минатата година развиле теорија за таканаречениот ураган „црн лебед“, толку екстремен што никој од метеоролозите не го очекувал. Мастерс вели дека бурата од невидени размери веќе еднаш се случила во октомври 1790 година во Мали Антили, а нејзината моќ била толку голема што ја корнела кората од дрвјата и однела повеќе од 22.000 животи.

Мастерс ја темели својата теорија врз предвидувањето на двајца научници кои ги смета за најдобри експерти за бура – Кери Емануел од бостонскиот Институт за технологија и Нинг Лин од Принстон – кои во август 2015 година го направиле најефикасниот модел на урагани во историјата. Тие создале симулација на урагани врз основа на шест климатски модели од различни делови на светот, придвижувани од моќен компјутер.