Музика

Pussycat Dolls се враќаат на сцената после десет години

Членките од една од најпопуларните женски поп-групи на сите времиња, Pussycat Dolls, се враќаат на сцената после десет години откако официјално се разделија за да остварат соло кариери.

Никол Шерцингер, Кармит Бахар, Ешли Робертс, Мелоди Торнтон, Џесика Сута и Кимберли Вајат потпишале повеќемилионски договор со кој се обврзуваат на светска турнеја и снимање нови песни.

Можноста за нивно повторно обединување ја најавија неколку пати, но секогаш проблем беше Шерцингер, кој долго одбиваше враќање во групата. На почетокот од оваа година таа призна дека ѝ недостасуваат турнеите.

„Кога почнав да градам соло кариера, на турнеите секогаш настапував со танчерки, но секогаш ми фалеа моите девојки. Отсекогаш одлично се забавувавме“, призна Никол.

Advertisements
To Top