Пуштени во продажба билетите за СП во Русија – еве ја цената!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) денес на пладне преку својата веб страница ќе ја почне продажбата и резервацијата на влезниците за Мундијалот 2018 што ќе се игра во Русија.

Продажбата на билети ќе почне на 14 септември во 12 часот на официјалната интернет страница на ФИФА. Цената на билетите се движи од 87,5 до 917 евра. Исто така за граѓаните на Русија ќе бидат обезбедени посебни билети чија цена ќе се движи од 18 до 102 евра.

Од ФИФА порачаа дека билетите за Мундијалот ќе се продаваат во две фази. Првата фаза, која почнува утре, ќе трае до 12 октомври, а втората фаза ќе се одвива од 5 декември до 31 јануари 2018 година.

Светското првенство во Русија е прво кое ќе се одигра на европска почва после она во Германија во 2006 година. На СП ќе се одиграат 64 натпревари на 12 стадиони во 11 градови.

Финалето ќе се одигра на 15 јули 2018 година на стадионот „Лужники“ во Москва.