Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Шангај се случи вистинска архитектонска револуција со пуштањето во употреба на најдолгиот „испечатен“ мост на светот, кој е создаден со 3D печатарска технологија од страна на пекиншкиот Архитектонски факултет од универзитетот Цинхуа.
Мостот е долг 26.3 метри, а широк 3.6 метри и е лоциран во шангајскиот кварт Баошан. Изграден со модерни градежни техники. Го проектирал професорот Су Веиго од Универзитетот Цинхуа, а изграден е од 44 бетонски компоненти кои се изработени со помош на 3D технологија.
Бетонските компоненти се испечатени со помош на две “роботски раце“ а за нивната изградба биле потребни 450 часа. Според проценки, во споредба со конвенционалниот процес на градење, направена е заштеда од 33 отсто.
Првиот бетонски мост изграден со помош на 3D технологија за печатење е отворен во 2017 година во Холандија.