Пушачи, доматите можат да ви го спасат здравјето


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Исхраната богата со патлиџани и овошје донесува низа здравствени позитивни ефекти, од намалување на ризикот за рак на кожата, до зајакнување на имунитетот. Според новата студија, овие намирници можат и да ја обноват работата на белите дробови кај бившите пушачи кои ги откажале цигарите.

Секоја година, отприлика 55 насто пушачи се обидуваат да се откажат од овој порок. Откажувањето на цигарите значително го намалува ризикот од белодробни заболувања, од хронично опструктивни болести на белите дробови, па сè до рак на истите.

Здравјето на белите дробови после откажувањето на цигарите е тема која предизвика голем интерес меѓу бившите пушачи и здравствените професионалци.

Белите дробови почнуваат да заздравуваат веднаш после гаснењето на последната цигара, но процесот на целосно опоравување е бавен и може да трае со години. Дополнително, откажувањето на цигарите не го елеминира целосно ризикот од развој на болести поврзани со пушењето.

Друг фактор кој треба да биде земен во предвид е фактот дека белите дробови целосно созреваат помеѓу 20-та и 25-та година од животот, а после 35-та година нивната функција полека почнува да слабее и дишењето постепено отежнува. Тоа се случува бидејќи мускулните ткива поврзани со белите дробови со текот на годините ја губат еластичноста, а алвеолите својата форма.

Научните истражувања од школата за јавно здравје „Џонс Хопкинс“ во Балтимор покажаа дека исхраната богата со домати и овошје, а посебно јаболка, го намалува и ризикот од хронично опструктивните болести на белите дробови кај бившите пушачи, а исто така, го забавува и природното слабеење на функцијата на белите дробови. Ова еднакво важи и за луѓето кои никогаш не запалиле цигара во животот.

Волшебниот број, утврдија научниците, е два патлиџани и три свежи овошки дневно. Резултатите од истражувањето беа објавени во списанието European Respiratory Journal.