„Purosangue“ – првиот „чистокрвен“ теренец на Ferrari и најбрз SUV на пазарот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После децениската доминација на пазарот со супер-спортски автомобили и луксузни екстра-брзи модели, од Ferrari сфатија дека барањата на потрошувачите во поглед на SUV моделите се премногу интензивни за да можат да ги игнорираат.

Следствено, автомобилскиот гигант го најави својот прв џип кој ќе биде наречен „Purosangue”, што во превод значи „Чистокрвен“, на пазарот ќе се најде во текот на 2022-ра година.

Моделот за кој што веќе долго време кружат гласини наводно ќе има четири врати, погон на сите четири тркала и ќе го одликува „класичниот дизајн на Ferrari“. Сепак, по малку изненадувачка е одлуката на Ferrari на пазарот да понуди и хибридна верзија на „Purosangue”.

Според информациите кои што првиот човек на Ferrari, Луис Камилери, им ги открил на инвеститорите, новиот „Purosangue”, покрај тоа што ќе биде технолошки напреден, џипот ќе остане и верен на корените на Ferrari, односно ќе биде „најбрзиот SUV на пазарот“.