Пукнатина долга 16 километри: Земјотресот буквално расцепи на два дела село во Турција (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Медиумите од Турција пренесуваат дека село во округот Доганшехир во Малатија е буквално преполовено од разорната моќ на катастрофалниот земјотрес кој ја погоди земјата.

Јужниот дел од селото се спуштил за два метри, додека на северот куќите останале нечепнати. Медиумите наведуваат дека пукнатината е долга 16 километри.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети продолжување на напорите за спасување и брза обнова на разрушените згради повеќе од една недела од разорниот земјотрес кој ги погоди неговата земја и соседна Сирија.

Бројот на загинати во двете земји надмина 41.000, а преживеаните кои останаа без покрив над глава се борат и со зимските температури.

„Ќе продолжиме да работиме сè додека не го најдеме и последниот човек останат под урнатите згради“, кажа Ердоган доцна синоќа, по состанокот на владата одржан во седиштето на Управата за катастрофи и итни случаи (АФАД).

Проценката на штетата на неколку десетици илјади уништени згради ќе биде готова за една недела, а обновата ќе почне за неколку месеци, порача турскиот претседател.

Во земјотресот се повредени повеќе од 105.000 луѓе, а над 13.000 се сè уште во болниците.