„Пукна тиквата“ и за славниот холивудски пар Анистон и Теро


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По двеиполгодишен брачен живот и дополнителни седум љубовна врска, славниот холивудски пар Џенифер Анистон и Џастин Теро соопштија дека се разделува на пријателски начин.

Со заедничко соопштение испратено до медиумите, актерката Џенифер Анистон (49) и сопругот Џастин Теро (46) ги потврдија гласините дека се разведуваат.

„Во нормални услови, ова ќе го задржевме за себе, но за да ги избегнеме сите понатамошни шпекулации и измислици, сакавме директно да ја изнесеме вистината.“, стои во дописот што го потпишува гласноговорникот на Aнистон. „Што друго и да биде објавено, не доаѓа од нас, туку е нечија фиктивна приказна“.

Џенифер и Џастин се забавуваа од 2011 година, а тајно се венчаа на 5 август 2015 година. Одлуката за развод е заедничка, а ја донеле сложно кон крајот на минатата година. Наспроти сѐ, сопружниците тврдат дека ќе останат во добри односи:

„Ние двајцата сме најдобри пријатели, па иако патиштата како двојка ни се разделуваат, имаме желба и понатаму да го негуваме нашето пријателство. А, пред сѐ, одлучни сме да ја одржиме длабоката почит и љубов што ја чувствуваме еден кон друг.“

Објавата за развод пристигна само неколку дена по 49-тиот роденден на Џенифер, којшто парот го помина одвоено. Додека Анистон славеше со пријателките во Малибу, Теро беше забележан во Њујорк.

После разделбата од Бред Пит, со кого беше заедно од 2000 до 2005 година, ова е вториот брак на Џенифер Анистон што завршува со развод. Во меѓувреме, глумицата беше во љубовни врски со Винс Вон и Џон Мајер.