Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според првичните резултати од истрага на бугарското обвинителство, Петар Харалампиев, Претседател на Државната агенција за Бугарите во странство, беше обвинет како шеф на организирана криминална група за корупција и организиран криминал, заедно со уште други четири обвинети лица, заради сомневање дека во агенцијата издавале документација за доказ за бугарско потекло по цена од 5.000 евра.
Бугарското обвинителство ги сомничи лицата дека во агенцијата издавале документи со кои се докажува бугарско потекло за 5.000 евра, а такви фалсификувани документи им биле издавани на луѓе од Македонија, Украина и од Молдавија, јавуваат бугарските медиуми.
Истражителите извршиле претрес и во канцелариите на агенцијата во Софија, Ќустендил и Плевен.
Во овој случај веќе се приведени повеќе од 20 лица.
Бугарската министерка за правда Цецка Цачева изјави дека на повеќе од 750 лица им е откажано издавањето уверение за бугарско потекло во последните година дена, коментирајќи ја акцијата на бугарското специјално обвинителство.
Министерката Цачева вели дека фактот што има толку откажувања на уверенија за бугарско потекло потврдува дека има проблеми во Агенцијата за Бугарите во странство и најави измени на Законот за бугарско државјанство.