„Пукна тиквата“ кај уште еден славен пар: Малик и Хадид ставија точка на врската


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пејачот Зајн Малк (25) и манекенката Џиџи Хадид (22) одлучија да ја прекинат љубовната врска, бидејќи сè помалку време поминуваат заедно поради пренатрупаните професионални распореди и ангажмани.

Парот стави крај на врската на почетокот од овој месец, а нивни близок пријател наведе дека тие двајца и претходно раскинувале и пак се смирувале, но овој пат одлучиле дека веќе не можат да бидат заедно.

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on

Зајн и Џиџи пријателски се разделија, без замерки еден на друг за раскинувањето, па не чувствуваат горчина после тој потег. Не ја исклучија можноста дека некогаш, во подалечна иднина, може пак да бидат во врска, но засега мислат дека е најдобро да се разделат“, вели неименуваниот извор.

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on

Зајн и Џиџи врската ја започнаа во ноември, 2015 година, три месеци откако Зајн ја раскина свршувачката со пејачката Пери Едвардс (24) од женскиот бенд Little Mix. Џиџи неколку седмици претходно раскина со амариканскиот пејач Џо Џонас (28).