„Пукав за да го убијам“: Атентаторот на Шинзо Абе откри зошто го убил бившиот јапонски премиер (снимка)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Тецуја Јамагами е името на лицето кое изврши атентат во кој со два истрели од непосредна близина го уби бившиот јапонски премиер Шинзо Абе.

Станува збор за 41-годишен поранешен војник кој живее во Нара, градот во кој се случи нападот. Познато е дека до 2005 година, околу три години, Јамагами служел во армијата како „припадник на поморската самоодбрана“, таканаречените Јапонски сили за самоодбрана.

Според она што го реконструирала полицијата, се уште не е јасно што го поттикнало Тецуја Јамагами да го елиминира поранешниот премиер, иако човекот наводно дејствувал „од омраза“, со јасна намера да убие.

Јамагами, наводно, чувствувал силна лутина против „одредена организација“ за која верувал дека Шинзо Абе е дел од неа. Ова го соопшти полицијата од Нара, иако не посочи за која организација се работи.

Припадниците на специјалците од јапонските служби го уапсина Тецуја Јамагами веднаш по пукањето од огненото оружје кое и беше снимено од камери. 41-годишниот Јамагами, со црна коса, сива кошула и маска за лице, бил легнат на земја од специјалци. Тој рече дека го убил поранешниот премиер од незадоволство, фрустрација, гнев и лична аверзија. „Пукав за да убијам“, биле неговите зборови.

Омразата на 41-годишникот го навела и сам да произведе рудиментирано огнено оружје, со оглед на тоа што во Јапонија е многу тешко да се најде оружје.