Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Непознато лице пукало во екс министерот за здравство, Никола Тодоров, „Макфакс“ пренесува дека лицето е веднаш уапсено.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека добиле пријава дека пред малку во кругот на Министерството за здравство некој се обидел да го убие екс министерот за здравство Никола Тодоров.
„Засега информациите се дека било пукано во Тодоров, а напаѓачот е приведен. Ова е се што можеме да кажеме во моментот“, изјавија од МВР.
Обидот за убиство на поранешниот министeр за здравство и екс вицепремиер, Никола Тодоров го сторил Љупчо С., 57 годишен граѓанин на Велес кој веднаш е приведен од полицијата, пренесува „Макфакс“.
Инаку, во 12:30 часот требаше да се изврши промопредавањето на министерската функција на новиот министер Арбен Таравари. Сè уште нема официјални информации што точно се случило пред Министерството за здравство.