Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доцна синоќа, едно лице е тешко повредено во престрелка во центарот на Охрид. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски, кој за денеска најави повеќе информации.
Охриѓанецот е приведен по кратко време откако во 23 часот и 45 минути во полициската станица во Охрид беше добиено телефонско известување за случено пукање од огнено оружје во сендвичара на улицата Македонски Просветители. Сега приведениот пристигнал во сендвичарата по што го забележал 33-годишниот охриѓанец со кого настанала меѓусебна вербална расправија која набрзо преминала во жестока тепачка. Во еден момент, сега приведениот, од предниот дел од појасот извадил огнено оружје за кое не поседува дозвола, го вперил кон лицето и испукал еден проектил. Испукувањето се случило кога 33-годишниот охриѓанец сакал да се отргне од лицето кое пукало и го фатило за рацете со цел да го оттурне од себе. Во тој момент се случило испукување на уште неколку проектили по што помладиот охриѓанец се здобил со тешки телесни повреди во пределот на нозете, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Лицето во кое е пукано добило тешки повреди во пределот на нозете. Веднаш е хоспитализирано и е задржано на лекување во специјалната болница Свети Еразмо во Охрид.