Пукање и експлозии го тресат новото продолжение на Baywatch


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Двејн Џонсон и Зак Ефрон се ѕвездите на филомот Baywatch кој го доби и својот прв трејлер.

Станува збор за филмска адаптација на култната серија од ’90-те години во која Џонсон го глуми Мич Бјукенен, главниот спасувач кој во серијата го играше Дејвид Хазелхоф. Ефрон го игра ликот на Мет Броди.

Дејството на филмот се случува во Мајами, а Ефрон и Џонсон имаат мисија да дознаат зошто телата на мртви луѓе се фрлени на нивната плажа. Ако се суди според најавното видео, филмот ќе изобилува со пукања, експлозии и препознатливи забавени сцени од трчање на плажа.

Режијата е на Сет Гордон, а покрај Ефрон и Џонсон, во останатите улоги се појавуваат Александра Дадарио, Кели Рорбах и Пријнка Чопра. Се очекува во филмот да се појават и Хазелхоф и Памела Андерсон. Премиерата е закажана за 16 мај.