Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според извештајот на полициските служби од Лос Анџелес, во седиштето на YouTube имало вооружен инцидент во кој биле ранети неколку вработени. На местото на инцидентот интервенирало и амбулантно возило.
Жената, за која се верува дека пукала во седиштето на YouTube во Калифорнија, е пронајдена мртва откако се застрелала, изјави шефот на полицијата на Сан Бруно, Ед Барберини, доцна на 3 април.
Полицијата соопшти дека пред да се самоубие жената ранила тројца или четворица вработени во канцеларијата на YouTube во близина на Сан Франциско. Повредените биле однесени во блиската болница.
Портпаролот на болницата во Сан Франциско, Брент Ендру, соопшти дека во болницата се примени тројца пациенти. Портпаролот рече дека човек на 36-годишна возраст е во критична состојба, жена која има 32 години е во сериозна состојба, додека третата жена на 27-годишна возраст е во добра состојба. Тој рече дека во болницата се очекуваат повеќе пациенти, но не ја знае нивната состојба.
Вработените во канцеларијата на YouTube и вработени во околните згради беа евакуирани и излегуваа со рацете кренати во воздух, покажуваат снимките на локалните медиуми. Полицијата вели дека истрагата е во тек и дека безбедносните сили ја расчистуваат зградата.
Во Белата куќа велат дека претседателот Доналд Трамп бил информиран за настанот и дека ја следат ситуација во Сан Бруно.