Advertisements
Актуелно

Пукање на Косово: 13 српски припадници на косовската полиција уапсени кај Зубин Поток

Припадниците на косовската специјална единица РОСУ утрово уапсиле 13 српски припадници на косовската полиција на северниот дел од Косово, пренесува Танјуг.

Според изјавата на директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, која утрово ја даде за РТС, косовски специјалци апселе Срби утрово околу 6 часот на влез во Зубин Поток во обид да влезат во тоа населено место. Тој додаде дека косовските специјалци со оружје упаднале утрово во сите четири општини на север во Косово. Според него, апсењата се извршени „поради некаква вмешаност на тие лица во организиран криминал“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово наредил целосна борбена готовност на српската армија, јави РТС. Министерството за внатрешни работи на Србија ги стави во состојба на целосна подготвеност специјалните и посебните едници на полицијата.

Косовската полиција изутринава започна акција на севернот дел на Косово за приведување осомничени за вмешаност во организиран криминал. Како што наведуваат медиумите, уапсени се неколкумина припадници на полицијата и имало пукање, но никој не бил повреден.

Според косовските медиуми, пак, припадник на косовската полиција е ранет во акцијата на специјалните полициски единици Росу во општините со мнозинско српско население во северно Косово. Но, за ваквата информација сè уште нема официјална потврда.

Advertisements
To Top