Пукање на „Битпазар“ – повреден работник на комуналец кој налетал на вооружен грабеж


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рааботник на ЈП „Комунална хигиена“ бил ранет во нога вчера вечер кога налетал на вооружен грабеж на Бит Пазар во кој бил отворен и оган од огнено оружје.

Според неофицијални информаци, повредениот ја метел улицата во близина на Албанскиот театар кога забележал група крадци како провалуваат во една од продавниците. Тој најверојатно почнал да вика, по што провалниците се повлекле, а еден од нив извадил пиштол и пукал во метларот. Куршумот го погодил човекот во ноата, а крадите се разбегале.

Полицијата веднаш реагирала и биле уапсени неколку провалници, но лицето што пукало успело да избега. Повредениот работник на ЈП„Комунална хигиена“ бил пренесен во болница.

Од МВР потврдија дека се случил инцидентот.

-Околу 20 часот на улица 192 пријавена е кражба при која е испукан куршум од пиштол, кој завршил во ногата на А.Ш.(42) од Скопје. Тој бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возилото со кое е извршена кражбата е обезбедено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.