Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Руската воена инвазија врз Украина во Европа ја зголеми побарувачката за оружје од американско производство.
Владите на државите од Европа до американските власти и воената индустрија веќе доставуваат списоци со нарачки на оружје, вклучувајќи дронови, ракети и противракетни системи, пренесува ПлусИнфо.
Германија која до довршува договорот за набавка на 35 авиони „Ф-35“ се интересира и за одбранбени системи против балистички ракети, пренесува агенцијата ХИНА изјава на добро упатен извор.
Полска сака од САД да купи софистицирани дронови „Рипер“, соопшти претставник на полските власти.
Нарачки стигаат и од други држави кои сакаат да набават оружје што се покажало ефиканско во борбите на украинскатаа одбрана со руските сили, вклучувајќи противавионски ракети „Стингер“ и противтенковски ракети „Џавелин“, велат извори на чии извори се повикува ХИНА.
Барањата за оружје и воена опрема доаѓа во време кога Европа ги проширува воените буџети, најмногу Германија, Шведска и Данска.
Мара Карлин, високата претставничка на Пентагон, пред Конгресот истакна дека европските сојузнички држави на САД ги удвојуваат издатоците за одбрана.
Оттаму што за извоз на американско оружје е потребна дозвола од Владата, Пентагон седмично одржува состаноци со Европскиот тим за кризен менаџмент на кои се разглегува секоја нарачка поединечно. За да се забрза одобрувањето односно добивањето дозвола за извоз, Пентагон формираше посебен тим што ги обработува бројните нарачки.
Зголемените нарачки на оружје ја подигна вредноста на акциите на американската наменска индустрија. Акциите на „Локид Мартин“ што меѓу другото произведува борбени воени авиони авиони „Ф-35“ и ракети „Џавелин“ се покачија за 8,3 отсто, додека на „Рајтеон технолоџис“ што произведува „Стингер“ пораснаа за 3,9 проценти.