Пујол состави тим од најдобрите 11 против кои играл!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Барселона, Карлес Пујол ги откри имињата на фудбалерите кои му биле најтешки противничи во кариерата и против кој „мразл“ да игра.

Имено, низ својата кариера Пујол имаше прилика да игра против најдобрите фудбалери во светот, па направи тим од најтешките противници кои ги има во својата 16 годишна кариера во Барса.

Пујол не го селектираше Кристијано Роналдо во неговата листа на најтешки противници, но затоа издвои место за актуелниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Буфон на голот, Роберто Карлос, Хавиер Занети, Алесандро Неста и Паоло Малдини во одбраната, Андреа Пирло, Кларенс Сидорф и Зинедин Зидан во средниот ред, Кун Агуеро и Арјен Робен на крилата, и Дидие Дрогба во нападот.