Пуџдемон порачува: За неколку дена Каталонија ќе прогласи независност


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лидерот на Каталонија, Карлес Пуџдемон изјави дека ќе прогласи независност во наредните денови, потег што ќе внесе дополнителни тензии со националните власти во Мадрид.

Тој во интервју за Би Би Си изјави дека тоа ќе се случи или до крајот на оваа или во почетокот на идната недела. Пуџдемон притоа предупреди дека доколку шпанските власти интервенираат и ја преземат контролата врз Каталонија тоа ќе биде „грешка која менува се“.

На референдумот одржан деновиве 90 насто од 2,26 милиони луѓе кои излегоа да гласаат се изјасниле за независност на Каталонија. Гласањето беше проследено со насилства меѓу граѓаните и полицијата.