Публиката во Кан масовно ја напушташе проекцијата на овој филм – дознајте ја причината


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Скоро стотина филмски критичари ја напуштија кино салата во која, во рамки на Канскиот филмски фестивал, беше проектиран филмот на Ларс фон Трир, „The House That Jack Built“.

Сцените со насилство во овој филм биле толку сурови и сликовити, што публиката не можела да издржи до крај да го изгледа филмот. Претходно, данскиот режисер изјави дека „The House That Jack Built“ е неговиот најнасилен филм, а тоа го потврдија и стотина луѓе кои ја напуштија премиерата.

Филмот го следи животот на Џек, сериски убиец кој убил повеќе од 60 луѓе. Со тек на време смислувал сè поболни методи за одземање на животот на своите жртви, а меѓу сцените кои ги згрозија гледачите беа бројинте убиства и сакатења на деца.

Публиката почна масовно да излегува после сцената во која Џек нишани на две мали деца и им ги разнесува главите, како и после сцената во која ја отсекува дојката на една жена.

Критичарите кои ја напуштија проекцијата на филмот пред да заврши на Твитер ги изразија своите ставови.

„Отидов на премиерата на филмот од Ларс фон Трир. Ужасен филм кој не требало да биде снимен“, напиша критичарот Роџер Фридман.

The Oscar Predictor напиша дека филмот на фон Трир е одвратен, претенциозен и предизвикува повраќање.

Критичарот од списанието Variety, Рамин Сетудех, го изгледал филмот до крај и го опиша како едно од најнепријатните кино искуства во неговиот живот.

Оние кои останаа до крајот на проекцијата станаа и го наградија филмското дело и режисерот со шестминутен аплаус, а Сетудех изјави дека тоа се оние луѓе кои би аплаудирале на сè и сешто.