Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако со едноминутен молк им оддадоа почит на загинатите во оружениот судир во кумановската населба „Диво Насеље“, обвинетите и неправосилно осудени од овој случај направија хаос во судницата пцуејќи, дофрлајќи недолични зборови кон петмината судии од Апелација задолжени за случајот и довикувајќи потоа „Зборувајте албански, ова е Албанија“.
Наместо разгледување на жалбите, за денешната расправа, обвинетите имаа барање напишано на три страници но тоа не го слушнаа судиите. Не дозволија Генц Сефај да го прочита, па атмосферата во судницата стана тензична. Извикувајќи „Ова е Албанија“, обвинетите станаа и побараа да ја напуштат седницата.
Со барањето, обвинетите за Диво Насеље сакаат меѓународна истрага за случајот.
Премиерот Зоран Заев да ги изнесе доказите дека овој случај е политички монтиран, дека бил замка подготвена од власта на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Во телефонски разговор Артан Груби и Али Ахмети не прелажаа дека можеме да се предадеме со посредство на ОБСЕ, пишува во барањето на 35-мина обвинети.
Откако судот не дозволи ова да се презентира, во салата останаа тројца обвинети. Останатите ја напуштија седницата. Судијката Периќ појасни дека за разгледување на жалбите не е задолжително присуство на обвинетите а со напуштање на седницата тие повеќе нема да го следат судењето.
За случајот Диво Насеље, на доживотен затвор се осудени седуммина, останатите заработија казни од 12 до 40 години.
Јавната седница за разгледување на жалбите, продолжува утре.