ПСЖ тргна во напад: Ја сака ѕвездата од Премиер лигата!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Филипе Кутињо игра фантастично оваа сезона во дресот на Ливерпул и дефинитивно ќе биде еден од најбараните фудбалери во 2017 година.

За него интерес покажуваат многу европски гиганти, а медиумите тврдат дека најконкретен е интересот на францускиот шампион, Пари Сент Жермен.

ПСЖ уште во летниот преоден рок се обиде да го добеде Бразилецот во Париз, а според тврдењето на медиумите спремаат нов напад во зимскиот преоден рок и понуда од 47 милиони фунти.

Инаку 24-годишниот плејмејкер е надвор од терените поради повреда на стопалоти и неговото враќање се очекува дури за неколку недели.

Оваа сезона запиша 13 настапи во Премиер лигата и потврди дека дефинтивно е еден од најдобрите фудбалери на Островот.

Покрај ПСЖ интерес за Кутињо покажува и Барселона, но тешко е да се поверува дека Ливерпул ќе дозволи заминување на својата ѕвезда, особено не во зимскиот преоден рок.