ПСЖ спрема нов „луд“ трансфер – се создава трио „МСН“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пари Сент Жермен е во центарот на вниманието поради трансферот на Нејмар, но медиумите пренесуваат дека „светците“ не завршиле со шопингот и ќе се обидат да го донесат и Килијан Мбапе.

Богатите сопствениците ја сакаат младата француска ѕвезда и со тоа да создадат пеколно напаѓачко трио, Мбапе – Кавани – Нејмар (МСН).

Мбапе преферира преселба во Реал Мадрид, но не му се допаѓа идејата на „кралевите“ да го останат уште една сезона во Монако. Таквата ситуација сака да ја искористи ПСЖ, кој нема да има проблем да искешира уште 180 милиони евра.

ПСЖ има неколку фудбалери кои ќе ги стави на продажба, со цел да го реализира трансферот на Мбапе. Прв на листата е Ди Марија кој може да си оди доколку некој клуб понуди 70 милиони евра, а медиумите твдат дека „светците“ ќе се согласат да го пуштат и за 50 милиони евра.

Следен е Дрекслер кој со доаѓањето на Нејмар баѓа во втор план, а неговата цена изнесува 40 милиони евра.

Француските медиуми пренесуваат дека „светците“ ќе направат се за да го убедат Монако, но и Мбапе да се пресели во Париз.